Јанушев: Оние кои кои беа најгласни дека мерките од Владата треба да се почитуваат, истите тие се ставија себеси над правилата и не ги почитуваат

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното видео обраќање рече дека бројките на новозаразени од Ковид 19 се катастрофални.

„За три дена има речиси 400 новоинфицирани. Состојбата е навистина алармантна! Власта наместо да покаже вистинска грижа за граѓаните, носи небулозни мерки од кои апсолутно никој нема корист. Напротив се постигнува контра ефект“, рече Јанушев.

Според него оние кои требаше да ги спроведуваат мерките, кои беа најгласни дека мерките од Владата треба да се почитуваат, истите тие се ставија себеси над правилата и не ги почитуваат.

„Зошто заменик министерката на МВР, Славјанка Петровска не е во самоизолација? Како тоа за нејзе е направен исклучок и по кои критериуми? Лицемерно ви е однесувањето, лицемерно кон опозицијата и лицемерно пред се кон граѓаните на Република Македонија. Дали ќе бидете доблесни и ќе излезете да кажете колку луѓе се заразија додека вршевте класичен поткуп за избори, кога вашите функционери се шетаа меѓу граѓаните? Ќе можете ли тоа да го направите, имате ли доволно храброст, или ќе продолжите кукавички да се криете позади скапиот пи-ар“, праша генералниот секретар.

Јанушев посочи дека луѓето се препуштени сами на себе како никогаш до сега.

„Додека овој вирус се уште немилосрдно покосува човечки животи, вас единствено ве фаќа паника од фактот дека народот повеќе не ве поддржува. Тоа е вашиот најголем страв. Признајте го тоа и понесете одговорност“, порача Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави