Домашни туристи го искористија укинувањето на забраната за патување на островите во Грција и го посетија Миконос овој викенд.
Понеделник е празник во Грција, па многумина го искористија продолжениот викенд да уживаат во привлечностите на овој остров, првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус.
„Мала Венеција“, Матогианија, златните плажи и сите популарни места се исполнети.
Се чини дека долгоочекуваната нормалност конечно се врати на островот што никогаш не спие.