Bо Босна и Херцеговина во последните 24 часа се потврдени девет нови случаи на коронавирус.
Сите случаи се од Кантонот Тузла, со што вкупниот број на заболени во БиХ се искачи на 1.138, соопшти Институтот за јавно здравје.
Сите девет потврдени случаи се од Живнице, а како што пренесува Радио Сараево, станува збор за семеен кластер.
Во БиХ активни се 150 случаи на Ковид-19.