Велика Британија денеска има помалку од 100 нови смртни случаи од коронавирусот за еден ден, првпат од затворањето на земјата.
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека починале 77 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 40.542.
Денешната бројка е најниска од 23 март – кога беа регистрирани 74 смртни случаи.