Колин Пауел најави поддршка за Бајден, а не за Трамп

Поранешниот државен секретар и поранешен началник на Генералштабот на САД Колин Пауел денеска изјави дека ќе гласа за демократскиот кандидат Џо Бајден, со што стана првиот истакнат републиканец кој јавно го поддржа ривалот на претседател Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.

– Имаме Устав. И ние мора да го следиме тој Устав. А претседателот се оддалечи од тоа, изјави Пауел за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека Трамп е „неефикасен претседател” и оти станал уште полош откако стапил на должност.

– Годинава на никаков начин не можам да го поддржам претседателот Трамп, рече Пауел, кој не гласаше за Трамп ниту во 2016 година.

На прашањето дали ќе гласа за Бајден, Пауел рече: „Ќе гласам за него”. ј

Треба да знаете
Последни објави