Голманот на Атлетико, Јан Облак ги сподели своите размислувања за двете вредни награди, „Златната топка” и трофејот во Лигата на шампионите.
– Никогаш не размислував за „Златната топка”. Тренирам, играм и се обидувам да напредувам. Другото зависи од тие што гласаат. Исто така, не се грижам ниту за наградата која се доделува на најдобриот голман на Ла Лига. Единствено што ме мачи е влегувањето во Лигата на шампионите следната година и да се заврши сезоната каде што сакаме, изјави Облак.
Ова е необична сезона. Никој не го очекуваше ова. Драго ни е што имавме можност повторно да тренираме. Пред неколку месеци имаше сомнежи, а сега тренираме целиот тим. Фудбалот нема да биде ист без навивачите на стадионите, но важно е сезоната да ја завршиме што е можно подобро за да ги заземеме посакуваните позиции во првенството и да одиме што е можно повеќе во елитното натпреварување. Се надевам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите, додаде словенечкиот репрезентативец и член на Атлетико.