Лицемерниот Христијан Мицкоски, од една страна на граѓаните се обидува да им продаде лажна загриженост за здравјето, а од друга страна вели дека не ги знае протоколите за однесување за време на коронакризата.
Мицкоски од континуиран непочитувач на мерките за заштита од Ковид 19, кои ги прекрши со одење во затворена теретана, групно качување на Водно, сега со „тајната вечера” на Боемска стана и сторител на кривични дела.
Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно и не го намалува кривичното дело.
Вториот момент за кривично дело е дека инспектори, службени лица се спречени во извршување на својата службена должност и 2 часа не биле пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Христијан Мицкоски со неговото друштво, и тоа е кривично дело.
Ова не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во неговото прекршување на мерките и неговата одбрана сторени се серија тешки дела кои мора да добијат разрешница.
Сега, судот врз основа доказите и кривичните пријави, ќе каже која е казната што треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување кон здравјето и животот на граѓаните.
Мицкоски, дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше и судија и полиција и сама пресудуваше и пишуваше казни.