Хрватскиот плејмејкер Анте Гаџа е новото засиулуање на европскиот шампион Вардар. Гаџа доаѓа од екипата на Загреб а со вардарци потпиша договор на една сезона со можност да биде продолжена на уште една ако двете страни бидат задоволни.
Во хрватските медиуми се пишуваше дека од овој трансфер нема да има ништо но сепак Гаџа потпишува со Вардар. Замената на Сташ Скубе веќе има осетено како да се игра во Европа бидејќи беше играч и на Нексе од Нашице.
Сега останува да се најде решение и за позицијата десен бек, за која конкурира некогашниот член на Кил, Веспрем и Спортинг Лисабон, Марко Вујин. Вардар досега се засили со Јагуриновски, Санталов, Кантегрел, Талески и Георгиевски.