Во Кина после две недели регистриран првиот „домашен” случај на коронавирус

Кина после две недели го пријави првиот случај на зараза кој не дошол од странство, а заразеното лице е од островот Хаинан.

Националната здравствена комисија соопшти дека имало само пет увезени случаи во изминатите 24 часа.

Во Кина се заразени вкупно 83.036 лица.

Кинеските власти тврдат дека го запреле ширењето на вирусот Ковид-19 на нивна територија, но оти повремено ќе се појавуваат нови жаришта.

Во земјата почна и олеснување на ограничувањата на летовите и забраната за влез во земјата од странство, така што е зголемено вниманието и врз оние кои потенцијално би можеле да го донесат вирусот од други земји.

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Кина е 4.634.

Треба да знаете
Последни објави