На денешен ден во 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија, враќајќи се од Соединетите Американски Држави на 28-годишна возраст загина легендарниит Дражен Петровиќ,загина кошаркарскиот “Моцарт“.
Дражен Петровиќ на само 15 години дебитираше во првиот тим на локалниот тим Шибенка, а на 19 години беше дел од репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во 1984 година.
Со Цибона освои две европски титули, а по четири години се минати во клубот од Загреб се пресели во Реал Мадрид, каде ја освои тројната круна. Следеше нов предизвик и Петровиќ замина во НБА лигата во екипата на Портланд. По две сезони се пресели во Њу Џерси каде блесна со истиот европски сјај.
Со кошаркарската репрезентацијата на Југославија освои бронза на Олимпијадата во 1984 и сребро во Сеул 1988 година. Во 1986 година на Светското првенство се закити со бронза, а во 1990 година во Аргентина беше златен. Со репрезентацијата на Хрватска стигна до сребрен медал на Олимписките игри во 1992 година во Барселона.