Николовски: Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ, срамота

Најлесно е неодговорноста да се маскира со лажни вести.

Игор Јанушев е последен пример за тоа од низа такви во неговата партија. До кога единствена алатка ќе им биде тактиката на пуштање фејк-информации и поделба на народот по секоја цена?

Еве го и одговорот за Игор…

Сите функционери на СДСМ кои имаат добиено решенија за самоизолација ги почитуваат мерките и задолженијата БЕСПРЕКОРНО.

Што не е случај со неговиот шеф Мицкоски кој бесрамно ги крши протоколите и мерките.

Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ, срамота!

Александар Николовски е друг случај од многуте. Излажа, па беше демантиран од ООН. И пак не престанува да шири лажни вести и вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација. Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40.

Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот, лажеа дека направени биле само 100 теста. Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.
Зар трката е да се направи лагата што поголема?! Од 8 одбирате да кажете 140 илјади?!

Потоа Мицкоски и Наќе Чулев лажеа и за случајот со теретаната. Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината” а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици”!!!

Лажни вести, деструкција, конструирани случаи, дезинформации и поделба и само поделба! Тоа е се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им го нудат на граѓаните.

Но, како велеше вашиот лидер, “вистината е како шило”… За среќа, не е јавноста наивна. Вистината е многу јасно видлива и пред секој од нас.

 

Треба да знаете
Последни објави