Американскиот претседател, Доналд Трамп, нареди повлекување на војниците на Националната гарда од Вашингтон, оценувајќи дека ситуацијата е под контрола по неколкудневните протести предизвикани поради смртта на Џорџ Флојд.
„Само што ѝ наредив на нашата Национална гарда да започне да се повлекува од Вашингтон сега кога сè е совршено под контрола. Тие ќе се повлечат, но можат да се вратат брзо, доколку е потребно“, објави тој на „Твитер“.
Десетици илјади демонстранти се собраа вчера во Вашингтон и во другите градови на САД, повикувајќи ги властите да стават крај на расизмот и полициската бруталност.
Дванаесетти ден по ред протести се одвиваа во бројни урбани центри, Њујорк, Атланта, Филаделфија, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Бостон и Мајами, но и во помалите рурални области низ целата земја.
Едно од поголемите изненадувања беше собирот на меѓу 150 и 200 демонстранти, како дел од движењето „Животот на Црнците е важен“ во Видор, град на истокот во Тексас, познат по долгогодишните врски со Кју Клукс кланот.
Интензитетот на протестите започна да опаѓа во средата, откако властите во Минеаполис ги уапсија сите четворица полицајци вклучени во смртта на Флојд. Дерек Шовин, бел полицаец, кој го гушеше Флојд со коленото скоро девет минути, иако повеќепати рече дека не може да дише, е обвинет за убиство од втор степен.
Њујорк денес го укина полицискиот час, по примерот на Лос Анџел