Британскиот енергетски гигант „Бритиш петролеум” денеска соопшти дека планира да затвори „околу 10.000 работни места”, или речиси 15 отсто од својата работна сила во светот, откако пандемијата на новиот коронавирус ја намали побарувачката на нафта.
– Ќе почнеме процес, со кој околу 10.000 лица ќе мора да ги напуштат работните места во компанијата, повеќето од нив до крајот на годинава, напиша генералниот директор Бернар Лоуни во елетронската пошта испратена до вработените.
Во мејлот се наведува дека цените на нафтата „се намалени под нивото”, од кое компанијата има потреба за да реализира заработувачка.