Во Франција најмал број на починатите од Ковид-19 од средината на март

 Речиси една недела по почетокот на втората фаза на излегување од изолацијата, епидемијата со Ковид-19 се смета за „во главно контролирана” во Франција, јави дописникот на МИА.

Епидемијата со новиот коронавирус сепак и понатаму е смртоносна, вчера се регистрирани 13 смртни случаи во болниците, што е најмал број  од средината на март, пред воспоставувањето на првичното ограничување на населението, што траеше два месеци.

Од почетокот на епидемијата, во Франција починаа 29.155 лица, од нив 18.805 во болниците и 10.350 во старските домови и други медицинско-социјални установи (бројот на починати од овој сектор не се ажурираат од 2 јуни, што може да доведе до зголемен број на вкупниот број на починати).

Бројот на хоспитализирани лица во сериозна состојба на интензивна нега продолжува да се намалува, со шест пациенти помалку за дваесет и четири часа, на  1.053, според билансот направен во неделата.

Хоспитализацијата на интензивната нега продолжува со постојан пад од почетокот на април, кога беше достигнат врв со повеќе од 7.000 пациенти во сериозна состојба (капацитетот на национално ниво во Франција беше 5.000 кревети пред кризата).

– Скоро една недела по почетокот на втората фаза на излегување од изолацијата, епидемијата со Ковид-19 се смета за воглавно контролирана во земјата, потврди професорот Делфраисим претседател на Научниот совет, потенцирајќи дека здравствените правила за децата на  училиште може да се олеснат до крајот на јуни.

Треба да знаете
Последни објави