Претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир (ГЦПТ) Ахмед бин Мохамед Алџарван ја поздрави иницијативата на Египет за решавање на кризата во Либија, соопшти организацијата, која собира парламентарци од повеќе од 70 земји од светот.
Тој истакна дека ГЦТП остро ги осудува „невединото мешање на странски сили на либиска територија” и ги поддржува напорите на Египет, кои вклучуваат итен прекин на огнот и враќање кон политичкиот дијалог.
Алџарван ги повика двете страни во либиската граѓанска војна, меѓународно признатата влада во Трипли и либиската Народна армија предводена од генарот Калиф Хафтар, веднаш да одговорат на египетската иницијатива, со цел да се постигне заеднички национален интерес со запирање на крвопролевањето и борбите и да се трасира патот за формирање независни институции во земјата.
Алџарван изјави дека иницијативата, претставена од египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, ја потврдува заложбата на египетското раководство за одржување на мирот во Либија и во целиот арапски свет.
Египетскиот претседател во саботата го иницираше прекинувањето на граѓанската војна во соседна Либија, што предвидува прекин на огнот што треба да стапи на сила од денеска и треба да го отвори патот за избори во Либија.
Иницијативата предвидува и формирање Претседателски совет што ќе ги претставува трите региони во Либија, кои ќе ја водат земјата во наредниот период од 1,5 година, по кој ќе се одржат избори.
Планот на египетскиот претседател вклучува обединување на сите финансиски институции во Либија и распуштање на паравоени сили.
Покрај Обединетите нации, владата во Триполи е поддржана од Турција, Италија и Катар, додека Хафтар е поддржан од Франција, Русија, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и други важни арапски земји.