Момче во Германија се заканувало со терористички напад врз муслиманите

Mлад човек од Германија кој на интернет се заканил дека ќе убие муслимани, сега се соочува со истрага за делото, потврди германското обвинителство.

Момчето на возраст од 21 година наводно било инспирирано од злосторството што го извршил напаѓачот на џамијата во Кристчрч на Нов Зеланд, при што загинале 51 лице, објасни обвинителството во Селе, Долна Саксонија.

При претресот на станот на осомничениот, полицијата пронашла оружје и документи со екстремистичка содржина на неговиот компјутер.

Според изјавата на обвинителството, осомничениот ја поставил заканата на интернет на 29 мај, но се претпоставува дека тој долго време планирал напад со кој би предизвикал голем број жртви со цел да го привлече вниманието на медиумите.

21-годишникот е приведен еден ден откако судот издал налог за апсење под обвинение за кршење на законот со закана дека ќе стори кривично дело, набавка на оружје и финансирање тероризам.

Полицискиот оддел надлежен за борба против тероризмот ја презеде истрагата за овој случај.

Треба да знаете
Последни објави