Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита на здравјето.
Сега влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот.
Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум.
Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние.
Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него.
Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик.
Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравствените експерти и епидемиолозите.
Сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје.
Убедени сме дека ќе успееме, заедно ќе го совладаме невидливиот непријател.