Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека науката била потисната при носење на мерките за заштита од корона вирусот.
Тој вели дека да бил член на Комисијата за заразни болести ќе си дал оставка уште на 25 мај.
-Секогаш е во политиката така, сакаат да стават луѓе што ќе ги слушаат. Стај си го тој ти врши работа те слуша,или луѓе што имаат некаков интерес, вели докторот.
Според него, има и доктори кои не веруваат во коронавирусот и до тој степен не знаат колку не знаат што и на Фејсбук пишуваат за тоа.
-Исто како што гледаме сè уште слики дека по населби се прават родендени со 50 луѓе. Замислете до каде е работава кога лидер на партија вели дека не ги знае мерките, а професор е на факултет и тој со него од МВР исто не ги знае мерките, што останува на населението тогаш, треба да ги разбереме луѓето. Ако тој вика не знам какви се мерките во ресторан и дека не може да седи внатре, како тогаш очекуваме други да ги знаат мерките?!
Јас чекам од опозицијата да даде мерки, многу ретко дава мерки бидејќи докторите излегуваат и за Заев зборуваат. Што има доктор стручњак да зборува за Заев, а зборува за епидемија? Еве јас кажувам што требало да се направи пред две недели, а што треба да се направи сега. Тие ја имаат таа сила да побараат нешто да се направи. Кажуваат за некакво тестирање, а и самите не знаат за кое тестирање, кој да се тестира? Малку ли се тестираат по 1200 на ден? Кои се тие што се испуштени што не се тестирани? И тука е измешана таа техничка влада која има проблем во функционирањето” – истакна Пановски.