Стапуваат на сила мерките за карантин за патници во Британија

– Од денеска стапуваат на сила новите правила според кои секој кој влегува во Велика Британија мора да оди во изолација 14 дена.

Лицата кои влегуваат во земјава, вклучително и британски државјани, ќе треба да дадат адреса каде ќе извршат самоизолација и доколку ги прекршат правилата, можат да бидат казнети со казна до 1.000 фунти.

Министерката за внатрешни работи Прити Пател рече дека законот е донесен за да се спречи втор бран на коронавирусот. Сепак, некои бизниси предупредуваат дека тешко ќе бидат погодени од правилата.

Има исклучоци за работниците во некои индустрии, како и за медицински работници во некои сектори.

Сите други ќе треба да пополнат „патнички локатор” по пристигнувањето. Доколку не можат да обезбедат адреса каде ќе останат, Владата ќе организира сместување на сметка на патникот.

Ќе бидат направени и проверки за да се види дали се почитуваат правилата.

Пател вели дека мерките се пропорционални и се спроведуваат во соодветно време.

„Науката е јасна, ако го ограничиме ризикот од внесување нови случаи однадвор, можеме да помогнеме да се запре катастрофалниот втор бран”, рече Пател.

Патниците во транзит, кои не поминуваат гранична контрола, се исто така меѓу оние кои се ослободени од задолжителна изолација.

Туристичкикте работници се генерално критични за мерките затоа што велат дека периодот на изолација ќе ги одвлече посетителите и со тоа ќе загрози работни места.

Преработувачката индустрија исто така вели дека мерките тешко ќе ги погодат.

Треба да знаете
Последни објави