Тропската бура Кристобал го погоди југоисточниот дел на САД

– Тропската бура Кристобал го погоди брегот на југоисточната американска држава Луизијана, објави американскиот Национален центар за урагани.

Невремето, кое со себе донесе ветер од 85 километри на час, се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Њу Орлеанс.

Центарот за урагани претходно соопшти дека прогнозира оти тропската бура ќе предизвика обилни дождови на потегот од источен Тексас до Флорида.

Гувернерот на Луизијана, држава која многу пати страдаше од урагани, прогласи вонредна состојба пред потенцијалниот удар на тропската бура.

Во некои предградија на Њу Орлеанс, властите повикаа на доброволно евакуација поради опасност од поплави.

Треба да знаете
Последни објави