Во сообраќајната несреќа регионалниот пат Струмица-Радовиш на влезот во селото Василево почина едно лице, а десетмина се повредени, пишува “струмицаденес.мк“.
ТППЕ Струмица со шест пожарникари интервенираше на местото на незгодата во која се судрија два автомобили. Користени се специјални хидрауличени алатки за да се извадат повредените од возилата.
Неофицијално, загина пешак, а сообраќајката ја предизвикал автомобил полн со мигранти кој бегал и брзо возел.