Хамас предупредува: Плановите на Израел да се прошири на Западниот Брег се осудени на пропаст

Палестинското движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, го предупреди Израел против плановите за проширување на суверенитетот врз области на Западниот Брег, вклучително и стратешката долина на Јордан, пренесува „Спутник“.

Кабинетот на Хамас за прашања во врска со Ерусалим соопшти во неделата дека Ерусалим ќе остане палестински, арапски и исламски град и вечна престолнина на палестинската држава и сите сили на оваа планета нема да можат да го променат неговит идентитет, адреса и историја.

Во изјавата се додава дека Израел и неговите заговори против Ерусалим и Палестина ќе бидат осудени на неуспех и нема да обезбедат иднина за своето постоење на палестинската земја.

Хамас исто така ја критикуваше, според нив, злокобната зделка на векот поврзана со палестинско-израелската мировна спогодба, велејќи дека некои земји веќе „влегле во флагрантна фаза на нормализирање на односите со Тел Авив преку политички, економски, културни, спортски и уметнички траектории  пркосејќи му на достоинството и на волјата на арапскиот и муслиманскиот народ, кои долго време го поддржуваат палестинскиот народ во нивната долга борба со ционистичкиот непријател“.

Милитантната група исто така ја повика Палестинската самоуправа да се повлече од катастрофалниот Договор од Осло потпишан во 1990-тите, кој имаше за цел решавање на израелско-палестинскиот конфликт во согласност со Резолуциите 242 и 338 на Советот за безбедност на ОН.

Изјавата следи откако јорданскиот крал Абдула Втори го предупреди Израел кон средината на мај за масовен судир со Хашмитското кралство ако еврејската држава продолжи со своето проширување на суверенитетот врз области на Западниот Брег.

„Лидерите кои се залагаат за решение со една држава не сфаќаат што би значело тоа. Што би се случило ако се распадне Палестинската самоуправа? Ќе има повеќе хаос и екстремизам во регионот“, рече тој во интервју за „Шпигел“.

Јорданскиот крал  очигледно посочува на т.н. решение за две држави што подразбира воспоставување на две држави, Израел и една за Палестинците на спорните територии на Западниот Брег, вклучително и Источен Ерусалим и Појасот Газа.

Тој јасно стави до знаење дека иако не сака да се заканува и да создава напната атмосфера, Јордан ги разгледува сите опции.

На ова му претходеше изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој предвидува дека израелската влада може да почне со разгледување на проширувањето на суверенитетот над со Западниот Брег од 1 јули, во синхронизација со планот за Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно, американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, објави дека администрацијата на Трамп е подготвена да го признае проширувањето на суверенитетот на Израел над 30 отсто од Западниот Брег.

Планот предлага создавање палестинска држава покрај Израел, но со нејзин главен град на периферијата на Источен Ерусалим, наместо во него. Според планот, расфрланите палестински територии ќе бидат обединети со систем на автопати, мостови и тунели.

Планот веднаш беше отфрлен од палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој рече дека Ерусалим не е на продажба и дека Палестинците ќе го фрлат договорот во кантата за ѓубре на историјата.

Минатиот месец, Абас изјави за „Ал џезира“ дека Палестинската ослободителна организација и палестинската држава  ги отфрлиле сите обврски според сите договори со владите на САД и Израел, вклучително и оние поврзани со безбедноста“.

Треба да знаете
Последни објави