Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо е уверен дека неговиот тим има сили да ја освои ЛШ оваа сезона.
– Ние сме специјални. Ние сме во состојба да ја освоиме Лигата на шампионите. Оваа година може да биде наша. Во шпанскиот шампионат сме во тешка позиција, но во Лигата на шампионите ситуацијата е поповолна. Сакаме да играме финале и од таа цел не делат неколку натпревари, коментираше Серезо за шпанските медиуми.
Атлетико Мадрид е четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако го елиминираше актуелниот носител на трофејот Ливерпул пред паузата поради пандемијата.