ВМРО-ДПМНЕ на секој начин очајно се обидува сопствената неодговорност да ја маскира со лажни вести, со пласирање лажни информации и поделба на народот, додека Христијан Мицкоски бесрамно ги крши протоколите и мерките.
Последен пример дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести е Игор Јанушев и неговите лаги.
Од друга страна, Александар Николовски беше демантиран од ООН но тоа не го спречува да шири лажни вести и да вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација. Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40.
Во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажеа дека имало уште само 100 теста. Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.
Мицкоски и Наќе Чулев лажеа за случајот со теретаната. Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината” а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици”.
Лажни вести, деструкција, конструирани случаи и поделба. Тоа е се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им го нудат на граѓаните во овој изминат период.
Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести и за таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните.