За Србија нема среќно решение на косовското прашање и какво и да биде тоа не можеме да бидеме особено задоволни, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ оценувајќи дека на големите сили им е важно тој проблем да се реши бидејќи „Косово е нивно чедо“.
-Не мислам дека со лажење и мамење на луѓето нешто би постигнал. Работата на претседателот на Србија не е да ги лаже луѓето, кажа Вучиќ и најави дека во следните шест месеци до една година Србија ќе биде изложена на „силни притисоци“ поради Косово.
На прашањето дали политички ќе го преживее решавањето на косовското прашање, Вучиќ кажа дека „суштината не е неговата политичка судбина“, туку дека тоа се „националните и државни интереси на Косово и судбината на српскиот народ“.
-Не станува збор за ставот на Приштина дека ние мора да ги признаеме“, кажа Вучиќ и оцени дека Приштина нема да биде под притисок на големите сили бидејќи „Косово е нивно чедо“.
Според неговата оценка заблуда е да се мисли дека САД, Германија и Франција ќе го сменат ставот на Србија за Косово. Дијалогот на Белград и Приштина е блокиран од крајот на 2018 година кога косовската влада ги воведе стоотстотните царини на стоката од Србија во знак на одмазда за лобирањето на Белград против приемот на Косово во меѓународните институции.