Легендарниот британски пејач Том Џонс, кој вчера го прослави 80-тиот роденден, откри за радиото на БиБиСи неколку детали од неговиот живот што досега не ги кажал во јавноста. Џонс раскажа како по раѓањето го прогласиле мртов.
– Не сум испуштил глас, не сум заплакал, па медицинскиот персонал мислел дека сум мртвородено дете. Бабицата и рекла на мајка ми: „Жал ми е, детето не дише“. За среќа, баба ми била таму. Таа донела кофа полна со ладна вода и ме потопила во неа … Секако, веднаш сум се слушнал. Баба ми буквално ме оживеала – рече тој.
Покрај инцидентот при раѓањето, пејачот се потсети на своето тешко детство во Велс за време на онлајн концертот „Еден свет: Заедно дома“, кога се зарази со туберкулоза, па мораше да биде изолиран дома две години.
Во документарецот „Музичка патека на Сер Том“, што се емитуваше на радио БиБиСи 2, Џонс зборуваше и за тоа како неговиот прв хит „Не е невообичаен“ во 1965 година беше пресвртна точка.
Оттогаш, Џонс има исклучително успешна кариера, продавајќи повеќе од 100 милиони плочи и издаде 40 албуми.
https://youtu.be/V43fGInXiLE