Градежните инвестиции во Прилеп, придонесуваат за надминување на економските последици од коронавирусот

И покрај пандемијата на коронавирусот, централната и локалната власт предводени од СДСМ, продолжија со силна реализација на инфраструктурните и капиталните проекти во интерес на граѓаните на општина Прилеп.

Пред неколку денови, заврши изградбата на патот од Волково преку
Прилепец до манастирот „Св.Никола“. Асфалтирани се 5.5 километри од овој патен правец, колку што изнесува и целата негова должина.

Благодарение на посветената работа на градоначалникот Илија Јованоски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, граѓаните на Прилеп добија уште еден новоасфалтиран пат, со кој сите можеме да се гордееме.

Само во изминатите три месеци, во општина Прилеп се изградија и асфалтираа улици и патишта во вкупна должина од 25 километри. Од нив, 10 километри се реконструкција и рехабилитација на патната инфраструктура во градот, а 15 километри во населените места.

Во полн ек се градежните работи за асфалтирање на регионалниот пат од Кадино село до Галичани, во должина од 3.5 километри. Со тоа, решаваме уште еден долгогодишен проблем на жителите од овие населени места, а за кој претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ немаше слух.

Интензивно се работи и на реконструкцијата на градскиот булевар „Гоце Делчев“. Прилеп добива нов и современ булевар, со четири коловозни ленти и разделен појас, со тактилни траки за слепи лица, велосипедски патеки, со уредени тротоари и урбана опрема.

Во сите населби од градот се реконструираше дел од патната мрежа, а се асфалтираа и голем дел од улиците во населените места Големо и Мало Коњари, Галичани, Алинци, Лагово, Кадино Село.

Почитувани,

Силната градежна офанзива во Прилеп, дава голем придонес во надминување на економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Но, за полесно да ги надминеме сите предизвици кои ги наметна вирусот Ковид-19,  потребни се нова Влада, ново Собрание и легитимни институции.

Потребни се избори, за да ги спречиме мрачните сценарија на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев, коишто свесно и намерно ја саботираат борбата со вирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, гледајќи во тоа единствен начин да ја продолжат нивната политичка кариера.

Нема да им дозволиме!

 

.

Треба да знаете
Последни објави