Мадуро: Кина, Русија, Иран и Куба се нашите вистински пријатели

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е убеден дека Русија, Кина, Иран и Куба се вистински пријатели на земјата затоа што му даваат сесрдна помош на Каракас.

„Хуманитарната помош доаѓа од Кина, Русија, Иран и Куба. Тие се наши вистински пријатели“, рече Мадуро во видеообраќање до нацијата, потенцирајќи дека САД ветиле помош во висина од 20 милиони долари, но не дале ништо.

Кризата во Венецуела започна во јануари 2019 година, кога лидерот на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за вистински претседател на државата на протестот во Каракас, и кога го признаа неколку земји на чело со САД. Тој потег Мадуро го прогласи за обид за државен удар, поттикнат од Вашингтон, поради што тој ги прекина дипломатските врски со САД.

Мадуро беше поддржан од Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија, Турција.

Треба да знаете
Последни објави