НВО во коруптивната мрежа на СДСМ, во ек на пандемија се одвојуваат милиони за НВО

Интегрален текст од прес конференција на Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на СДСМ продолжува со компромитирање на невладините организации во својата коруптивна мрежа. Во услови на рапидно зголемување на бројот на заразени од Ковид-19 и во ситуација кога македонската економија е во криза, на седница на Владата на Република Македонија, министрите на СДСМ ја усвоија „Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите“ со која се предвидени финансиски средства во вредност од триесет милиони денари или приближно пола милион евра за финансирање на невладини организации. Факт е дека неспособната Влада на СДСМ и крајно политизираната Комисија за заразни болести не успеаја да се справат со пандемијата па сега ќе ги вклучуваат невладините организации наводно во справувањето со кризата, а на сите ни е многу добро јасно која е целта и каде ќе завршат овие пари.

Уште повеќе, имајќи во предвид дека пред само два месеца истите средства наменети за невладиниот сектор, Владата ги скрати со образложение дека имало други приоритети предизвикани од кризата со Ковид-19. Всушност средствата беа скратени бидејќи беше јасно дека нема да има избори на 12-ти април па затоа според коруптивната логика на СДСМ немаше ни потреба од финансиска поддршка за невладините организации. Навистина, е жално што Зоран Заев и СДСМ под ваквата помош не подразбираат ништо друго, туку само обид за класичен поткуп на граѓански субјекти кои СДСМ со години ги злоупотребува во своите предизборни манипулации. За таа цел самиот повик е со скратен рок и со намалени критериуми за користење на буџетските средства.

Затоа, јавно и гласно прашуваме, кому служи ова финансирање на здруженија на граѓани токму пред избори? Зарем овие средства се вишок во буџетот? Зошто овие средства не се пренасочат кон зајакнување на мерките за поддршка на бизнисите, кои се р’бетот на македонската економија? Истовремено прашуваме и што ќе се прави сега со дополнителните 600.000 евра, кои министерството за труд и социјална политика преку невладини организации планира да ги користи за хуманитарни пакети? Незаобиколива е можноста под плаштот на хуманитарните донации, власта да манипулира со социјално најранливите категории на граѓани!

СДСМ и Зоран Заев се соочени со огромен пад на рејтингот кај граѓаните, како резултат на нивните штетни политики, и затоа брзаат што повеќе буџетски пари да потрошат за поткуп на гласачи правејќи значителна економска штета, а во некои случаи и директно загрозувајќи го здравјето на македонските граѓани. Ваквото доделување на средства на невладините организации, само претставува уште еден очаен обид на СДСМ да изврши притисок врз граѓанските активисти да земат учество во нивната предизборна кампања, која трае со месеци и е врв на една неодговорна и криминална политика, која воопшто не води грижа за вистинските интереси на македонските граѓани.

Одлуката на Владата за доделување на овие средства на здруженија на граѓани ја сметаме како обичен обид за поткуп на група на невладини во предизборието. Веројатно, фактурата за несебичната поддршка на Владата на СДСМ во изминатите три години од страна на група на владини-невладини е пристигната, па дојде времето СДСМ да се оддолжат на, како што вели Зоран Заев, неговите невладини организации. Овој обид за масовен поткуп на невладините организации е уште една форма на криминална уцена со која директно се загрозува кредибилитетот и интегритетот на невладиниот сектор.

Воедно, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да ја испита целокупната ситуација и да отвори соодветна постапка.

Во исто време ја информираме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да укажува на расипничкото трошење на буџетските средства, уште повеќе во ситуација кога вкупниот јавен долг веќе достигнува до 60%. Ги повикуваме и здраво-разумните членови на СДСМ да се откажат од активности и постапки во насока на предизборен поткуп, за кои во идното враќање на демократијата и во следното формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и идниот премиер д-р. Христијан Мицкоски, ви ветуваме дека истите ќе одговораат согласно законите и Уставот на Република Македонија, но ќе сносат и лична морална одговорност.

Треба да знаете
Последни објави