Николов: И „Форбс“ потврди- Македонија потфрли по сите параметри во борба против короната

Интегрален текст од прес конференција на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Македонија е на дното на безбедност во светот кога станува збор за корона вирусот. Македонија ја нема на листата на „Форбс“ на сто најбезбедни земји во борба против корона вирусот. Македонија е на 103-тото место и е во друштво со островските држави Света Луција и Доминикана. Да Доминикана, а не Доминиканската Република. Помеѓу европските земји е на последно место.

Сите земји од регионот се подобро рангирани од нас.  И за разлика од нас на оваа листа, како побезбедни се оценети Грција, Хрватска, Словенија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Значи Македонија не е безбедна по прашање на корона вирусот! Дури и во Вухан, од каде што започна ширењето на корона вирусот е побезбедно од Македонија.

Македонија потфрли во однос на сите параметри по кои што е направена листата на „Форбс“. Потфрли по ефикасност на спроведените мерки, откривање на заразените и бројот на тестирања, ефикасност на здравствениот систем, како и подготвеност на владата во борба против вирусот.

Додека сите прогласуваат победа во борба против короната, Македонија денеска најверојатно треба да прогласи капитулација. Кај нас Филипче и Заев шират и опасни тези, велат дека вирусот слабеел, дека тој секојдневно се шири и има се повеќе голем број на новозаболени, и секој ден има и починати. Неспособноста на владата предводена од СДСМ е опасна за здравјето на граѓаните.

И во целата оваа ситуација Филипче и Заев глумат нормалност, и велат дека ова е „новата нормалност“, а Македонија се најде како прва вест во регионот како земја за која со зачуденост се говори за лошата ситуација со корона вирусот.

Пред два месеци бројот на новозаболени беше 30, и еден или два починати, велеа дека тоа е пикот. И денес велат дека е пикот кога имаме трицифрена бројка на новозаразени и дупло од тогаш починати. Излегуваат и во јавност и лажат оти се е нормално, и дека се е под контрола. Сега и „Форбс“ ги демантира и ги разнебити нивните мерки. За ова мора да се сноси одговорност.Мора веднаш да се делува во насока на зачувување на здравјето на граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави