Руската северна флота спроведува одбранбени активности

Северната флота на руската морнарица спроведува одбранбени активности, откако неодамна се појави уште еден брод на НАТО во близина на брегот на Руската Федерација.
Станува збор за француската фрегата Аквитаин, која влезе во водите на Баренцовото Море, што е вторпат годинава поморските сили на НАТО да дојдат во близина на руската граница во регионот на Арктикот, пишува московска „Независимаја газета”.
На почетокот на мај, четири американски и британски бродови на НАТО испловија во Баренцовото Море, што беше прв таков случај во последните децении.
За спречување на ваквите активности, Северната флота организираше поморски воени вежби, со што се спречи морнарицата на НАТО да се приближи кон арктичкиот брег на Русија.
Центарот за управување со националната одбрана на Русија во петокот соопшти дека Северната флота започнала да го следи движењето на француската фрегата.
Покрај тоа, повеќе од десет руски бродови во моментов учествуваат во вежбите во Баренцовото Море, пренесува агенцијата ТАСС. 
Треба да знаете
Последни објави