Лидерот на италијанската крајна десница Матео Салвини денеска изјави Владата во Рим не успеала брзо да ја рестартира земјата по пандемијата на коронавирусот и повика на предвремени избори.
Неговата антиимигранска Лига е најпопуларна партија во Италија, но е во опозиција откако Салвини минатата година се повлече од коалицијата со популистичкото Движење 5 ѕвезди во неуспешен обид да владее сам.
Италијанците оваа есен ќе излезат на гласање за регионални избори и референдум за намалување на бројот на членови на парламентот. Точните датуми за овие гласања сè уште не се утврдени.
– Ајде да ги замолиме луѓето да гласаат и за влада која ќе трае пет години и ќе има јасни идеи, рече Салвини во интервју за „Ла Стампа”.