Тренерот на шпанскиот фудбалски првак и лидер до прекинот на првенството Барселона, Кике Сетиен зборуваше за состојбата на капитенот и прва ѕвезда на тимот, Лионел Меси.
Триесет и двегодишниот Аргентинец неодамна тренираше индивидуално поради повреда на квадрицепс.
– Тој имаше мала повреда, нема ништо сериозно. Меси е во одлична форма и може да игра. Се наоѓа во иста позиција како и сите други. Ќе треба да ги погледнете околностите, да процените што му треба на тимот, а исто така да запомните дека немаме многу голем состав. Секако, би претпочитал Меси секогаш да е на терен, но ајде да видиме како оди сè, рече Сетен во интервјуто за „Мовистар +”.
Во првиот натпревар, по продолжувањето на сезоната, каталонскиот тим ќе игра против Мајорка на 13 јуни.