Германскиот координатор за трансатлантски односи ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да повлече илјадници американски војници од Германија.
Трамп и нареди на американската војска да повлече 9,5 илјади војници од Германија, откри американскиот официјален претставник.
„Ова е целосно неприфатливо, особено затоа што никој во Вашингтон не го информирал однапред нивниот НАТО-сојузник“, рече Питер Бејер, член на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, за весникот „Раиниш пост“.
По одлуката на Трамп, германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, за еден весник изјави дека жали за американската одлука за повлекување, а односот меѓу Берлин и Вашингтон го нарекол комплициран.
Со повлекувањето на 9,5 илјади војници во Германија ќе останат околу 25 илјади припадници на американската војска.
Американското воено присуство во Германија е наследство од окупацијата по Втората светска војна од 1945 до 1955 година, кога милиони американски, британски, француски и советски трупи беа стационирани таму.
Конвенцијата за присуство на странски сили, потпишана во 1954 година, им овозможи на осумте членки на НАТО, вклучувајќи ги и Соединетите Држави, да ги стават своите трупи во Западна Германија дури и по завршувањето на окупацијата на сојузниците.