Финската полиција обвинета за дискриминација и расно профилирање по протестите на „Блек лајвс медр“

Додека протестите за поддршка на движењето „Белк лајвс медр“ по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд од рацете на американската полиција ја зафаќаат Финска, се појавија извештаи за етничка дискриминација и расно профилирање од страна на финската полиција, пренесува „Спутник“.

Аминкенг Алеманџи, постдокторски истражувач на социјалната исклученост на Универзитетот во Хелсинки, вели дека смртта на Флојд и немирите што ги поттикна низ целиот свет се предупредување за Финска ако не се справи со расизмот и со етничкото профилирање.

„Финска мора да се разбуди и да стори нешто пред да излезе ситуацијата“, рече Алемаџи за националниот радиодифузер „Иле“, додавајќи дека би било корисно полицијата да го препознае и да го признае проблемот со етничкото профилирање.

Михаела Моуа од Кабинетот на народниот правобранител за недискриминација, посочува дека овој проблем е недоволно пријавен во Финска.

„Кога не се пријавени дискриминации или ситуации на етничко профилирање, народниот правобранител не добива целосна слика за обемот на проблемот. Сепак, истражувањето спроведено во Финска покажува дека етничкото профилирање се случува “, објасни Моуа, додавајќи дека етничкото профилирање има импликации и за личноста и за општеството.

Таа истакна дека етничкото профилирање ја намалува довербата во властите, го зголемува чувството на отуѓеност и несигурност, што, пак, ја комплицира работата на безбедносните власти.

Моуа цитираше извештај во кој се истакнува дека финските безбедносни власти, како што се полицијата, граничарите и царинските службеници, се вклучуваат во етничка дискриминација и профилирање. Според извештајот, 40 отсто од учесниците во истражувањето биле лично запрени од властите или знаеле други што биле запрени, порради нивната етничка припадност.

Етничкото профилирање, кое комесарот на ЕУ за човекови права го дефинира како употребата од страна на полицијата, без објективно и разумно оправдување, за основи како раса, боја, јазик, религија, националност или национално или етничко потекло при контрола, надзор или истражни активности“, е забрането во Финска.

Началникот на полицијата во Хелсинки, Јармо Хајнонен, изјави за „Иле“ дека негативните последици од етничкото профилирање се очигледни, но дека може да се појават, особено ако полицајците немаат луѓе од различно етничко потекло во нивниот непосреден круг на пријатели. Затоа се организира посебна обука за спречување на етничкото профилирање и дискриминацијата.

Хајнонен лично не верува дека постои ризик ситуацијата во Финска да се развие на ист начин како во САД  и како пример ги наведе техниките што ги користат финските полициски службеници за да се осигураат дека ризикот по животот е минимален.

„Финската полиција става колено на вратот на една личност“, рече Хајнонен, но призна дека постои ризикот луѓето од етничките малцинства да бидат полесно избрани за полициски мерки.

Финската полиција има околу 7.000 офицери. Во просек, од 1 до 2 лица годишно се повредени како резултат на полициските престрелки.

Минатата недела, илјадници демонстранти се собраа на Сенатскиот плоштад во Хелсинки за да протестираат против расизмот и полициската бруталност против црнците, инспирирани од протестите поради смртта Флојд кои ги зафатија САД.

Бројот на Финците со африканско потекло се проценува на околу 50,000 во нацијата од 5,5 милиони жители.

Треба да знаете
Последни објави