Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев веи дека снимките од кафеаната на „Боемска“, каде што беше фатен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како спротивно на протоколите седи во затворениот дел, сè уште се анализираат.
„До секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика стигнат е дивиарот заедно со дискот и во моментов се врши анализа. Како што бев информиран, во најкраток период ќе се излезе со вештачењето, со анализа на видеоматеријалот и јавноста ќе биде информирана јавноста“,
рече Чулев додавајќи дека врз основа на тој материјал ќе се утврди дали има одговорност и за други лица освен за кафеаната.
Според она што беше објавено во јавноста, со Мицкоски во кафеаната бил и поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски, кој сега му е советник на Чулев.
Министерот, пак, вели без разлика на тоа, ако треба, ќе има одговорност. Без разлика дали е функционер, припадник на МВР или политичар ќе се преземат мерки и ако има основа ќе се поднесат соодветни пријави.