Џенифер Анистон донираше милион долари за борба против расизмот

Омилената холивудска ѕвезда Џенифер Анистон (51) донирала милион долари на здруженија за борба против расизмот, пишува „Мирор“.

Актерката донирала пари за хуманитарната организација „Color of Change“ во знак на солидарност со движењето „Црните животи се важни“, јавуваат странските медиуми.

Ѕвездата на хумористичната серија „Пријатели“ и даде значителна донација на хуманитарната организација со цел да изрази поддршка за протестите против расизмот, по смртта на Џорџ Флојд на 25 мај годинава.

Флојд почина за време на апсењето бидејќи полицаец од Минеаполис му го притискал вратот со коленото дури 9 минути, додека лежел на подот и повторувал дека не може да дише, сè додека не почина.

Актерката се јави во врска со настанот и под видеото што го објави таа напиша:

„Оваа недела е шокантна од многу причини. Мора да признаеме дека расизмот и бруталноста во оваа земја траат долго време, и тоа не е во ред“, напиша Анистон на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CA051LfF60E/

„Како сојузници, кои сакаат еднаквост и мир, наша одговорност е да го кренеме нашиот глас, да бараме правда, да се едуцираме за тоа прашање и повеќе од сè, да шириме љубов.До кога ќе преминуваме преку тоа?, праша актерката.

Треба да знаете
Последни објави