Спасувачите успеале да го извлечат 29-годишниот Британец од бунар долг четири метри во зафрлено место во Бали, каде што бил заробен цели шест дена.
Џејкоб Робертс упаднал во бунарот додека бегал од куче што го бркало низ селото.
Неговите очајни повици за помош ги слушнал жител на селото Пецатуа, кој се нашол во близина затоа што пасел крави, изјави за АФП шефот на спасувачката екипа Геде Дармада.
Робертс ја скршил ногата при падот, но имал среќа што бунарот бил исполнет со мала количина вода, која можел да ја пие.
Во операцијата за спасување биле вклучени тројца спасувачи кои изјавиле дека Робертс изгледал измачено и слаб. Тој веднаш бил пренесен во најблиската болница.
Засега е непознато дали Британецот живее во Бали или останал таму како турист. Бали веќе два месеци е во карантин поради епидемијата на коронавирус.