Денес 101 позитивен на ковид 19, дознава неофицијално 24 инфо. Дури 70 од нив се од Скопје. Најмногу позитивни има од скопската општина Чаир.
Токму ваквите бројки се причина Комисијата за заразни болести да ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 часот до 5 часот во критичните места.
Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.
Активни случаи до вчера имаше 1.226 лица, од кои најмногу во Скопје – 658. Потоа следуваат Куманово со 140, Штип со 136 и Тетово со 119. По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се: Чаир 152, Бутел 59, Гази Баба 58, Аеродром 53,Сарај 52, Центар 52 и Карпош 40.
(В.А.)