Евертон подготвува понуда за италијански напаѓач

Евертон подготвува понуда вредна 44 милиони фунти за напаѓачот Андреа Белоти од Торино.

Менаџерот на англискиот клуб Карло Анчелоти навистина ја сака играта на Белоти и дури двапати направи неуспешни обиди да го привлече кога беше тренер на Баерн (Минхен) и Наполи.

Дваесет и шест-годишниот италијански интернационалец има постигнато 72 голови во Серија „А” во последните пет сезони, вклучувајќи и девет на 23 одиграни натпревари оваа сезона.

За напаѓачот се заинтересирани и Наполи, Фиорентина и Милан.

Треба да знаете
Последни објави