Земјите од „големата седумка” кои се соочија со масовни протести по убиството на Џорџ Флојд во САД, немаат право да ја учат Кина како да постапува со Хонг Конг, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Јапонскиот весник „Јомиури” објави дека министрите за надворешни работи на земјите од „седумката” усогласуваат текст на можна заедничка изјава, во која планираат да побараат од Пекинг да ја преиспита одлуката за подготовка на нацрт-законот за национална безбедност на територија на Хонг Конг.
– Значи после целиот сеопшт срам поради нефункционалноста на либерално-демократскиот систем, каде улогата на сите четири гранки на власта кои не ја вршат својата работа можеше да ја игра само оружјето, тие решија да ја учат Кина како да управува со државата?, напиша Захарова на Фејсбук.