Во Индија, од денеска повторно се отворени рестораните, трговските центри и верските храмови, иако бројот на нови случаи на заболени од Ковид-19 се зголемува.
Министерството за здравство соопшти денеска дека се заразени уште 9.983 лица, со што вкупниот број достигна 256.000, а Индија сега е на петтото место во светот по бројот на пациенти. За 24 часа починале 206 лица, што е најголем број смртни случаи во таа земја за еден ден.
Исто така, од денеска е дозволено излегување и влегување во Њу Делхи, односно дозволено е меѓуградско движење на луѓе и стоки.
Досега железничкиот сообраќај и домашните летови се делумно обновени во Индија, а дозволено беше и отворање на продавниците и обнова на производството, додека училиштата сè уште се затворени.