Оваа година се очекува италијанскиот бруто домашен производ (БДП) да се намали за 8,3 отсто, а дури следната година делумно да заздрави, соопшти денеска италијанската Агенција за статистика.
Според статистичките податоци, се прогнозира пад на БДП од 8,3 проценти во 2020 година, по што се очекува 4,6 отсто заздравување за една година.
Агенцијата наведува дека вработеноста во досегашниот дел од годината е намалена за 9,3 отсто и се очекува заздравување од 4,1 процент следната година.
Најлошото сценарио предвидува пад на италијанската економија за 13,1 отсто оваа година, а во 2021 година би се зголемила за 3,5 проценти.
Италија е првата земја во Европа која прогласи карантин поради пандемијата на Ковид-19. Рестриктивните мерки кои влијаеја врз нејзината економија се воведени во март, а почнаа постепено да се укинуваат во мај и јуни.