Кина отвори нова железничка карго-линија до Европа

Првиот товарен воз што сообраќа по новата железничка линија за транспорт го напушти Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи, во саботата на пат кон Тибург во Холандија, натоварен со 82 контејнери, пренесува РТ.

Трасата е дел од амбициозниот проект „Еден појас, еден пат“ на Кина.

Одбележувајќи го почетокот на новата железничка товарна служба помеѓу двата града, возот ќе патува околу 15 дена пред да пристигне на својата дестинација, јавува „Сјинхуа“.

Кинеско-европската железничка товарна служба сега има 20 рути што го поврзуваат Хефеи со осум земји, вклучувајќи ги Германија, Полска, Финска, Холандија и Русија. Статистиката покажува дека вкупно 194 товарни возови од Кина за Европа тргнале од Хефеи досега годинава.

Иницирана во 2011 година, службата за железнички транспортен сообраќај Кина-Европа се смета за значаен дел од Иницијативата „Белт енд роуд“ (БРИ) за зајакнување на трговијата меѓу Кина и земјите што учествуваат во програмата.

Амбициозната иницијатива ја најави кинескиот претседател Сји Ѓинпинг во 2013 година. Оттогаш, повеќе од 140 земји и меѓународни организации склучија договори за заедничко градење на проектот.

БРИ има за цел да ја зајакне поврзаноста и соработката меѓу Источна Азија, Европа и Источна Африка. Се очекува значително да ја зајакне глобалната трговија, намалувајќи ги трговските трошоци за половина за вклучените земји, покажуваат експертските проценки.

Треба да знаете
Последни објави