Мадона на патерици маршираше на протестите поради убиството на Џорџ Флојд

Американската пејачка и поп-кралица Мадона (61) воодушеви многу луѓе во Лондон овој викенд кога се појави на патерици на протестот по повод смртта на Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај годинава.

Легендарната Мадона им се придружи на илјадниците демонстранти кои решија да го кренат својот глас поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење во Соединетите Држави.

61-годишната пејачка не ја спречи да излезе на улиците ниту повредата на коленото, поради што е на патерици од октомври минатата година.

Таа се обиде да се скрие зад големите очила за сонце и темната облека, но го привлече вниманието на многумина кои маршираа низ улиците на Лондон и кои веднаш ја препознаа и ги објавија нејзините фотографии од протестот на социјалните мрежи.

Нејзините обожаватели истакнаа на „Твитер“ дека се радуваат што Мадона е секогаш на вистинската страна на историјата и ја пофалија за учеството во протестите.

Треба да знаете
Последни објави