Пет пати пониско од просекот за јуни е нивото на реката Сатеска кај Ботун, додека Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и Струмица кај Ново Село бележат двојно намалување.
Според денешните хидролошки мерења, пониски од јунскиот просек се и Вардар кај Велес, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, како и Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања.
Само Вардар кај Јегуновце, Скопје (Железен Мост) и Демир Капија бележи извесно зголемување, но и Бабуна кај Богомила каде е измерено двојно покачување на нивото.
Состојбата со езерата е речиси непроменета. И натаму Охридското е во рамки на просекот, Преспанското е минимално намалено, а Дојранското незначиелно зголемено.