Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи изјави денеска дека Косово секогаш било подготвено за дијалог со Србија, но не за, како што рече, дијалог за каков се залагаше претседателот на државата Хашим Тачи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Коментирајчи ја денешната изјава на Тачи, дека косовските институции се спремни да го продолжат дијалогот со Белград, Османи изјави дека претседателот на државата првин треба да појасни дали и натаму останува на идејата за промена на границата со Србија.
Парламентарната спикерка изјавата за медиумите ја даде по завршувањето на денешната седница на Претседателството на Собранието, на која беше одлучено неделева да се одржат две пленарни седници на законодавниот дом, од кои онаа на 12 јуни ќе биде свечена, по повод Денот на ослободувањето на Косово.