Принцот Вилијам тајно волонтира додека е во самоизолација

Британскиот принц Вилијам (37) и неговата сопруга војвотката Кетрин заедно со принцот Хари и војвотката Меган мај 2019 година помогнаа во формирањето на иницијативата Shout85258 – СМС сервис за помош на луѓе во психолошка криза – а Вилијам сега е еден од 2.000 доброволци кои се обучени да ги поддржуваат луѓето во криза.

Вилијам неодамна самиот волунтирал како член на кризната платформа (Shout85258) за пружање помош на луѓе чие ментално здравје е загрозено со продолжената изолација среде пандемија на Ковид-19.

По повод Неделата на волонтери, принцот на социјалните мрежи неодамна објавил содржина на видео повик во кој им кажува на другите волонтери дека и самиот учествувал во платформата.

„Ќе споделам една мала тајна со вас, јас всушност волонтирам на платформата,“ им рече Вилијам на останатите волонтери.

А луѓето што се пријавија и побараа помош во кризниот СМС сервис достапен 24 часа (Shout85258) не знаеле дека разговараат со идниот крал на Англија, бидејќи, како и сите други волонтери на службата, Вилијам користи псевдоним.

Треба да знаете
Последни објави