Мерил Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гамер се заедно повеќе од 40 години. Тие се горди родители на четири деца – Хенри Волф (40), Мејми (36), Грејс (34) и Луиза (28).
Мејми и Грејс ги следат стапките на мама и двете се актерки. Луиза е модел, а синот Хенри музичар.
Мејми и Грејс се очигледно цели на мама, и особено наликуваат на Мерил во нејзините млади години.
Мејми годинава беше дел од третата сезона на „True Detective“, а пред тоа може сте ја сретнале во адаптацијата на романот на Стивен Кинг „Castle Rock“.
За неа велат дека е вистинска наследничка на мама и дека наликува на Мерил во филмовите „Kramer vs. Kramer” и “Sophie’s Choice”.
Грејс се појавува во неколку серии: The Newsroom, Extant, American Horror Story: Freak Show.
Луиза е дел од ревиите и кампањите на Диор, а во меѓувреме ги завршува магистерските студии по актерство на Јеил.
Синот Хенри, сепак повеќе се пронаоѓа во музиката и тоа е она што го прави среќен.
Едно од ретките холивудски семејства кое живее во слога со години.