Во изминатите 24 часа, од вкупниот број на ново заболени од корона вирусот 127, дури 67 се од Скопје. По општини најмногу заболени изминатото деноноќие има во Чаир 16, во Центар се 12, по 4 во Аеродром и Бутел, тројца се во Сарај, пет се од Карпош, а шест има и во Кисела Вода.
Според статистиката, повеќето од активно заразените се од скопската општина Чаир – 168 лица. Зад Чаир се наоѓаат Центар со 64 и Бутел со 63 активни случаи.
Зад нив се Гази Баба – 58, Аеродром – 57, Сарај – 55, Карпош – 45, Кисела Вода – 35, Арачиново – 23, Студеничани – 19, Илинден – 18, Ѓорче Петров – 18, Шуто Оризари – 17, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2 и Странец – 2.